Изгледа дека Instagram тестира уште поголема функционалност помеѓу својата платформа и Therads.

Инстаграм наскоро може да воведе начин за споделување коментари од објавите на Instagram на платформата Threads. Ова го предлага инженерот Алесандро Палучи, кој е познат по истражувањето на социјалните мрежи во сопственост на Мета.

Post by @alex193a
View on Threads

Палучи објави фотографија на која се гледа дека кога коментирате на објава на Инстаграм, има ново паѓачко мени кое им овозможува на корисниците да го споделат коментарот само на Instagram или „исто така да го објавуваат на Threads“.

Мета веќе направи неколку потези во минатото за да ги интегрира Threads со други платформи (прикажувајќи објави од Threads на Instagram и Facebook).

Сепак, на оваа социјална мрежа засега и недостига сопствена опција за директни пораки, но корисниците сепак го користат Instagram за тоа.