OpenAI добива нов ривал, а тоа е стартап основан од поранешен главен научник и член на одборот на OpenAI.
Илја Сутскевер – поранешен главен научник на OpenAI, кој ја напушти компанијата набргу откако избувна јавна расправија меѓу него, поранешните членови на одборот и извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман.
SSI is building a straight shot to safe superintelligence.
We’ve raised $1B from NFDG, a16z, Sequoia, DST Global, and SV Angel.
We’re hiring: https://t.co/DmFWnrc1Kr
— SSI Inc. (@ssi) September 4, 2024
Сутскевер сега собра повеќе од милијарда долари средства, капитал од инвеститорите, кои ќе бидат искористени за неговиот стартап Safe Superintelligence (SSI).
Меѓу оние кои го поддржаа SSI беа компанијата a16z, која се спротивстави на иницијативата за вештачка интелигенција на Калифорнија, како и Sequoia, која е инвеститор во OpenAI.
Сутскевер изјави за Ројтерс дека Safe Superintelligence (SSI) сè уште нема актуелен производ и дека не се очекува во следните неколку години.
Поврзани артикли