Мисијата Polaris Dawn на SpaceX успешно го лансираше американскиот милијардер Џаред Исакман и уште тројца астронаути во орбитата на 10 септември за да се обидат да ја направат првата приватна вселенска прошетка за време на петдневен лет.
Командант на мисијата е самиот Исакман, пилотот е пензионираниот потполковник на американските воздухопловни сили Скот „Кид“ Потет, специјалист за мисијата е Сара Гилис, менаџерка за вселенски операции на SpaceX за обука на астронаути, а медицинскиот службеник е Ана Менон од SpaceX.
Тоа е првиот од трите вселенски летови на програмата Polaris и вториот што Исакман лично го финансираше. Компанијата SpaceX го ажурираше времето на вселенската прошетка и изјави дека ќе се одржи денеска во 11:58 часот. Во случај на непредвидени потешкотии, прошетката може да се одложи за петок, 13 септември. Вселенската прошетка, која ќе ја водат Џаред Исакман и Сара Гилис, може да се следи во живо, а преносот започнува приближно еден час пред почетокот на прошетката.
Историската вселенска прошетка, односно периодот што екипажот ќе го помине во вакуум, треба да трае два часа. Кога ќе дојде време, сите четворица астронаути на Polaris Dawn ќе облечат вселенски одела, а потоа ќе ја депресурираат капсулата Dragon за да можат Исакман и Гилис да излезат надвор од отворот, пишува Space.com.
Двајца членови на екипажот ќе излезат од капсулата околу 15 до 20 минути, останувајќи делумно надвор од отворот за да ги тестираат оделата EVA (вселенски одела) дизајнирани и развиени од SpaceX.
Поврзани артикли