Како што беше ветено пред две години, филмот Sonic the Hedgehog 3 ќе пристигне во кината на 20 декември.

Веќе слушнавме дека Кијану Ривс ќе го толкува ликот наречен Shadow, и дека Џим Кери ќе се врати во улогата на доктор Роботник, а сега имаме можност сето тоа да го видиме во првиот трејлер.

Откриено е дека Sonic и тимот во овој филм ќе работат со Роботник, кој ќе има повторна средба со неговиот татко.

Претходните два филма на Sonic беа многу успешни. Првиот заработи 319 милиони долари во 2020 година, а вториот го надмина две години подоцна со 405 милиони долари приход од светските прикажувања.