Apple ќе воведе многу нови функции со iOS 18, но една предизвика различни реакции на социјалните мрежи.
Покрај апликациите напојувани со вештачка интелигенција, iOS 18 на телефоните им носи и онаа што корисниците на социјалните мрежи веќе ја нарекоа „рај за прељубниците“.
Тоа е функција каде што корисниците ќе можат да ги означат апликациите што сакаат да ги сокријат од секој што гледа во нивниот екран.
„Сега, iOS 18 им дава на корисниците уште поголема контрола, со алатки кои им дозволуваат да управуваат кој ги гледа нивните апликации. Со заклучени и скриени апликации, корисниците можат да бидат сигурни дека податоците што сакаат да ги задржат приватни ќе останат такви“, рече Apple.
Тие објаснија дека кога апликацијата е заклучена или скриена, содржините како пораки или е-пошта во неа се скриени од пребарување, известувања и други места во системот. Ќе може да се смени името на апликацијата, да се „замати“ иконата, па дури и да се паузираат push известувањата.
Иако ова е корисна функција, корисниците на Твитер веднаш пронајдоа намена што не е баш безопасна. Така коментираат дека е „направено за прељубници“, а се шегуваат дека „некој од компанијата Apple бил фатен во измама, па сакал да се погрижи тоа да не се повтори“.