Претходните денови се одржа популарниот QuakeCon, а како дел од настанот имавме можност да видиме неколку интересни најави за игри.
Една од поинтересните најави е дека легендарните Doom и Doom II добиваат ремастер наречен Enhanced Version.
Оваа верзија на играта ќе биде бесплатна за сите оние кои веќе ги поседуваат споменатите игри, а ќе биде достапна за Playstation 4 и 5, Xbox One и Series конзолите, Nintendo Switch, како и за PC (Steam, Epic и GOG).
Она што го носи Enhanced верзијата на игрите Doom + Doom II е можноста за работа на постари системи со резолуција од 1080p и 60 фрејмови во секунда, додека кај поновите системи ќе оди до 4K резолуција @120fps.
Подобрувања има и во звучниот сегмент, па обожавателите можат да изберат оригинална или помодерна верзија, а има и додавање на сосема нови композиции.
Ќе има и нови режими, чија новина е co-op каде играчот и неговите другари ќе се обидат да преживеат бранови на непријатели. Овде треба да ја споменеме поддршката за поделен екран за до четири играчи, додека конзолите од серијата Xbox и компјутерот имаат поддршка за до осум играчи.
Deathmatch ќе има вкупно 43 мапи, од кои 25 ќе бидат додадени во верзијата Enhanced. Новата содржина, наречена Legacy of Rust, ќе има 16 мапи (по две единици од по осум мапи).