Актерот Даг Кокл потврди дека ќе учествува во развојот на следната игра од серијата The Witcher, но дека нема да има голема улога во неа.
CD Projekt одамна објави дека приказната за Гералт е завршена со третиот дел од серијата игри The Witcher, или попрецизно – проширувањето Blood & Wine.
Следната трилогија Witcher ќе се фокусира на нов лик и се сугерираше дека тоа ќе биде лик од различно училиште на Witcher. Сепак, легендарниот Гералт повторно ќе го видиме и слушнеме во новата игра.
Ова го потврди и актерот Даг Кокл, кој изјави дека ќе ја репризира улогата на Гералт во The Witcher 4 или како и да се вика новата игра.
„Гералт ќе биде дел од таа игра. Само не знаеме колку, јасно е само дека играта нема да биде фокусирана на Гералт, овојпат не е приказна за него“, изјави Кокл.
Актерот вели дека се уште не знае кој ќе биде новиот протагонист наместо Гералт, бидејќи се уште го нема видено сценариото за играта. Кокл моментално работи на репризирање на улогата на Гералт во анимираната серија The Witcher: Sirens of the Deep.