Тестиран е товарен дрон наменет за цивилна употреба.
Кина го тестираше својот најголем товарен дрон до сега, кој носи до два метрички тона, кој е наменет за цивилна употреба, објавија кинеските медиуми.
Двомоторниот товарен дрон изврши пробен лет од околу 20 минути во југозападната кинеска провинција Сечуан, објави Ројтерс.
Товарниот дрон е произведен од кинеската компанија „Тенгден“, а има распон на крилата од 16,1 метар и висина од 4,6 метри, односно е нешто поголем од најпопуларниот лесен авион во светот – Чесна 172 со четири седишта.
Пробниот лет на товарниот дрон на кинеската државна компанија Aviation Industry Corp of China (AVIC) беше извршен во јуни.
Овој дрон има носивост од 700 килограми и радиус на летот од 520 километри.
AVIC планира следната година да го тестира својот најголем товарен дрон со носивост до два тона.
Испораките на комерцијални дронови веќе започнаа во Кина.