Компанијата OpenAI се грижи дека корисниците може премногу емотивно да се врзат за нејзиниот асистент за вештачка интелигенција ChatGPT, па дури и да станат зависни од нејзиниот глас сличен на човекот.
Според извештајот на компанијата, корисниците би можеле да создадат „социјални врски со вештачка интелигенција и на тој начин да ја намалат потребата за односи со други луѓе“.
Фирмата додава дека оваа ситуација може да биде поволна за луѓето кои се осамени, но и дека може истовремено да влијае на „здравите човечки односи“.
Слушањето информации од бот со вештачка интелигенција што звучи како човек може да ги наведе луѓето премногу да и веруваат на вештачката интелигенција, што е опасно бидејќи вештачката интелигенција исто така е склона кон грешки.
Некои луѓе веќе создаваат романтични врски со чет-ботови со вештачка интелигенција, што ги загрижува експертите за врски, пишува CNN.
Напредниот гласовен режим на ChatGPT звучи неверојатно реалистично. Реагира во реално време и имитира човечки реакции како смеа, а може да ја процени и емоционалната состојба на говорникот врз основа на тонот на неговиот глас.
Многумина ја споредуваат новата алатка за вештачка интелигенција со дигиталниот асистент од филмот „Her“ во кој главниот лик се вљубува. Таму приказната нема среќен крај – на крајот, главниот лик останува со скршено срце откако дознал дека асистентот за вештачка интелигенција има „врски“ и со стотици други корисници.