Извршната директорка на Logitech Ханеке Фабер неодамна зборуваше за можноста за продажба на глушец што клиентите би можеле да го користат „засекогаш“.
Таа додаде дека Logitech би можел да понуди таков глушец во не толку далечна иднина, а неговата издржливост ќе се одржи со помош на надградби на софтверот, можеби преку модел на претплата.
„Зошто би го фрлил мојот глушец ако е квалитетен?“
Во подкастот на The Verge’s Decoder, Фабер рече дека тимот на Logitech Innovation Center и го покажал т.н. „вечен глушец“ и го спореди со убав, но не прескап часовник: „Не би фрлил таков часовник. Па зошто би ја фрлила мојата тастатура или мојот глушец ако е квалитетен, добро дизајниран и има софтверска поддршка? Вечниот маус е една од работите што би сакале да ги произведеме“.
Иако Logitech не објави конкретни планови за издавање на таков производ, Фабер изрази оптимизам за идејата за маус што луѓето никогаш нема да мора да го заменат. Како најголем предизвик таа го истакна производството на ваков глушец, чиј хардвер не е претерано скап. Фабер рече дека просечната цена на маусот е 26 долари (околу 24 евра), но таа не кажа колку може да чини „вечниот глушец“. Таа рече дека е можно глувчето да биде на претплата.
Доставувањето ажурирања на софтверот ќе бара Logitech да ги убеди своите клиенти да користат апликација за да го контролираат маусот. Ваквиот софтвер може да понуди многу можности за програмирање, но на корисниците може да им пречи постојаното работење на софтверот, што би ги потрошило ресурсите на компјутерот. На пример, корисниците веќе се пожалија кога Logitech додаде драјвер за ChatGPT на своите периферни уреди.