Компанија од Финска наскоро на пазарот ќе пушти телефон кој се разликува од другите модели на преклопување.
HMD Global, финската компанија позната по производство на паметни телефони со брендот Nokia, планира на 28 август да лансира едноставен, таканаречен „глупав“ телефон Барби. Тие ја потврдија оваа вест на нивните официјални социјални профили.
Компанијата уште во февруари најави неколку нови телефони планирани за јули, вклучувајќи телефон на Барби во соработка со Mattel. Иако моделите Skyline и Crest пристигнаа во јули, телефонот Барби не се појави. Но, сега е јасно дека тој само доцнеше – во стилот на Барби.
На некои им се допаѓа, на други не
Засега не се знае многу за телефонот Барби, освен она што HMD го објави претходно. Тие најавија едноставен телефон на преклопување, идеален за генерацијата Z и милениумците кои сакаат да го намалат времето поминато на екранот. Дополнително, на фотографијата од телефонот објавена на социјалните мрежи се гледа дека телефонот Барби е многу розов, што и се очекуваше.
„Прекрасно. Мило ми е што правите вакви телефони на преклопување, многумина посакуваат дигитална детоксикација“, „Дали е тоа дизајнот на телефонот Nokia 2660 Flip?“, „Леле“, „Ох, тоа е 2660“, „Здраво Барби“, „Ова е разочарувачки“, „Не можам да верувам дека го чекав ова“, „Разочаран сум“, „Јас го купувам, многу сум возбудена“, „На мојот роденден, тоа е знак“, се дел од коментарите за најавениот телефон на Барби.