Иако има уште многу време од објавувањето на телефонот Samsung Galaxy S25 Ultra, се повеќе се појавуваат информации за телефонот.

Дојавувачот Ice Universe сподели фотографија од телефонот, за кој се верува дека е претстојниот Galaxy S25 Ultra. Тој не го споменува името на уредот, но неговиот дизајн и формат сугерираат дека е еден од моделите Ultra на Smaung.

Најголемата промена, која е видлива на фотографијата е нејзиниот формат и дизајн. Телефонот има заоблени рабови, додека сите претходни Ultra модели по S21 Ultra имаат поостри агли.

Ова сугерира дека S25 Ultra ќе биде поудобен за користење, а обожавателите на Samsung се возбудени поради оваа можна промена.

„Закривените рабови дефинитивно ќе го олеснат држењето“; „Преферирам уште позаоблени рабови, но и ова е во ред – многу подобро од тулата што ја имаме во моментов“, се дел од коментарите.

Дојавувачот не откри како ќе изгледа задниот дел на телефонот, но се очекува да личи на S24 Ultra, со четири камери во посебни модули.

Претходно, дојавувач од Кина истакна дека Samsung Galaxy S25 Ultra ќе има иста батерија и полнење како и S24 Ultra, што е 5000 mAh и 45W.