Кинескиот интернет регулатор, Администрацијата за сајбер простор, ги тестира моделите на вештачка интелигенција (AI) на различни технолошки компании за да види дали се во согласност со основните социјалистички вредности.
Регулаторот им нареди на компаниите како Bytedance, Alibaba Moonshot и 01.AI да подлежат на задолжително тестирање за нивните модели со вештачка интелигенција, објави Financial Times (FT), повикувајќи се на добро информирани извори.
Како дел од тестирањето, големите јазични модели треба да одговорат на многу прашања, од кои некои се поврзани со политика и идеологија.
Пред една година, кинескиот регулатор воведе правила за чет-ботови кои наведуваат дека содржината создадена од модели на вештачка интелигенција не треба да биде во спротивност со нормите на јавниот морал или „да содржи повици за поткопување на државната моќ, соборување на социјалистичкиот систем, поттикнување на поделба на земјата или субверзија на националните единство“.
FT наведува дека јазичните модели во многу случаи не ги исполнувале баш овие критериуми.
Највисоко „ниво на усогласеност со безбедносните стандарди“ од 66,4 проценти е забележано од ByteDance, а најнизок GPT 4,0 на американската компанија Open AI, само 7,1%.
Поврзани артикли