Google сепак нема да ги отстрани надворешните колачиња од Chrome, а ова го потврди и компанијата.
Наместо да ги отстранува надворешните колачиња, Google планира да воведе ново искуство во рамките на интернет прелистувачот што ќе им овозможи на корисниците да бидат информирани и да ги изберат своите преференци при прелистување на Интернет.
Укинувањето на колачињата, според компанијата, би влијаело на онлајн огласувачите и рекламирањето. Најавата означува голема промена во ставот на Google, како и претходните планови на компанијата да ги отфрли колачињата од трети страни до почетокот на 2025 година.
Google сега ќе се фокусира на тоа да им даде на корисниците поголема контрола врз нивните податоци додека прелистуваат на интернет. Ова вклучува дополнителни контроли за приватност, како што се заштита на IP во режим инкогнито на Chrome и тековни подобрувања на API-ите за Privacy Sandbox.
Оваа одлука на Google во голема мера ќе биде олеснување за огласувачите, кои се потпираат на колачиња за да таргетираат реклами и да ги мерат перформансите.
#Google has confirmed a new approach to third-party cookies. Instead of removing them from #Chrome, it will introduce a user-choice prompt.
We’re considering the impact of this announcement and welcome views until 12 August.
Read more: https://t.co/ZMI1qsOOle pic.twitter.com/XQUvWIln4j
— Competition & Markets Authority (@CMAgovUK) July 22, 2024
Набргу по гореспоменатата одлука на Google, британскиот CMA (Competition and Market Authority) истакна дека го разгледува влијанието што ќе го има промената во одлуката на Google.