Компанијата Tesla ќе започне со масовно производство на хуманоидни роботи во 2026 година.
Ова го објави извршниот директор на Tesla, Илон Маск, во објава на социјалната мрежа X.
„Tesla ќе има навистина корисни хуманоидни роботи следната година кои ќе ги служат внатрешните производствени потреби на компанијата. Се надеваме дека ќе започнеме масовно производство за други компании до 2026 година“, напиша Маск.
Tesla will have genuinely useful humanoid robots in low production for Tesla internal use next year and, hopefully, high production for other companies in 2026
— Elon Musk (@elonmusk) July 22, 2024
Тој уште во 2021 година најави дека роботот наречен Optimus наскоро ќе биде подготвен да работи во фабриките на Tesla, но тоа досега не се оствари, пишува Guardian.
Optimus е висок околу 1,7 метри и тежок 56 килограми и е дизајниран да врши опасна, напорна или досадна работа.
Неговото име е алузија на Optimus Prime, моќниот и добронамерен лидер на Autobots во медиумската франшиза Transformers.
Во декември 2023 година, компанијата Tesla ја претстави новата генерација на хуманоидни роботи Optimus Gen 2, чија цена се проценува помеѓу 10.000 и 20.000 долари.