Во видео кое кружи на социјалните мрежи, потпретседателот на Realme, Чејс Шу, може да се види како ја демонстрира новата технологија за полнење од 300 W на компанијата.
Realme објави дека на 14 август ќе воведат нова технологија за полнење од 300 вати преку кабел, која наскоро ќе се најде во нивните нови телефони. Но, на социјалните мрежи не требаше многу да се појави видео кое покажува како оваа технологија во пракса изгледа.
Имено, во видеото можете да видите како потпретседателот на Realme, Чејс Шу, одржува презентација на новата технологија за полнење. Пред него е телефон кој се полни 15 отсто за 32 секунди и 17 отсто за 35 секунди. Видеото завршува брзо, но дава добра идеја за тоа што да очекуваме.
Инаку, Redmi ја претстави технологијата за полнење од 300 вати минатиот февруари, но никогаш не создадоа телефон што ќе ја користи. Сепак, бидејќи Realme има во своето портфолио комерцијален телефон со најбрзо полнење на пазарот од 240 W, Realme GT3, тешко дека ќе се откаже од модел со полнење од 300 вати што би го надминал тој рекорд.