Honor на 16. јуни ќе одржи настан во Кина, во текот на кој компанијата се очекува да ја претстави Honor 50 серијата телефони. Потоа, Honor во одреден момент се очекува да ја претстави Honor X20 серијата .

Дојавувачот Digital Chat Station сега објави фотографија, која го прикажува Honor X20. Телефонот ќе има три камери на задната страна, а главната има сензор од 64MP.

Не се објавени детали за преостанатите две камери, но се очекува тоа да бидат ултрашироки от и сензор за длабочина.

Honor сè уште не објави никакви детали за X20 линијата, но гласините сугерираат дека телефонот ќе има и 6,7-инчен LCD екран од 120Hz, батерија од 4200mAh и поддршка за 66W полнење.