OpenAI објави дека го лансираат SearchGPT, пребарувач кој ќе користи вештачка интелигенција (AI) за да овозможи пребарување на интернет во реално време и пристап до информации низ мрежата.
Пребарувањето се отвора со отворање на големо поле за текст што го прашува корисникот „Што бараш?“. Сепак, за разлика од само појавување листа на врски, SearchGPT се обидува да ги организира резултатите во значаен редослед.
Како што пренесува „The Verge“, пребарувачот собира се што ќе најде, на пример, кога бара музички фестивали, а потоа ги прикажува настаните со краток опис заедно со дополнителна врска.
Во вториот пример, тој објаснува кога да се засадат домати, пред да продолжи да објаснува кои други сорти на ова растение постојат. Откако ќе се појават резултатите, можете да поставите дополнително прашање или да кликнете на полето од страната за да отворите други релевантни врски.
Исто така, постои опција „Визуелни одговори“, но OpenAI сè уште не откри точно како функционира.
SearchGPT моментално е во фаза на прототип и ќе биде достапен за 10.000 корисници при лансирањето.