Epic Games Store неодамна доби зелено светло за лансирање на iPhone и iPad уредите на Apple во Европа, откако претходно двапати беше одбиена.
Сопствениците на Apple iPhone и iPad треба да можат повторно да инсталираат Fortnite во догледно време.
Имено, Epic Games конечно доби дозвола од Apple да ја лансира апликацијата Epic Games Store на App Store, засега само во Европската Унија. Тоа е расплет на долгогодишниот спор меѓу двете компании, а се сведува на фактот дека Epic не е задоволен од провизијата од 30% што Apple ја зема за секоја микротрансакција во Fortnite.
Да потсетиме, Fortnite беше исфрлен од App Store пред четири години откако Epic понуди алтернативен метод за купување во играта, што беше спротивно на правилата поставени од Apple како сопственик на екосистемот iOS. Epic Games ја загуби битката против Apple на американскиот суд, но пресвртницата дојде на почетокот на 2024 година кога Европската унија донесе директива со која Apple мора да им дозволи на корисниците на своите уреди во ЕУ да користат алтернативни продавници за апликации.
Бидејќи ова е законска обврска, Apple мораше да го прифати, на радост на тимот од Epic Games, кој сега ќе добие 13% помала провизија за микротрансакции. Сепак, Apple не би бил Apple доколку не ја комплицираше целата работа со тоа што двапати претходно ги отфрли предложените верзии на Epic Games Store за iOS. Камен на сопнување беше појавата на копчето за инсталирање апликации во EGS, за кое Apple тврдеше дека премногу личи на копчето Get за инсталирање апликации во AppStore. Но, тоа е тоа – сега и тоа е некако измазнето.
Сè уште нема прецизен датум за лансирање на Epic Games Store и Fortnite на iOS, но Epic вели дека тоа ќе се случи во текот на следните неколку месеци.
Поврзани артикли