Официјалниот YouTube канал на Nintendo направи необичен потег.
Овде обично не се промовираат хорор игри, но се чини дека стратегијата сега е малку променета.
Имено, тие објавија видео од 15 секунди, благодарение на кое успеаја малку да ја „наежат“ својата публика.
Клипот се вика „Emio“ (јапонски значи „насмеан човек“), а ни прикажува маж облечен во костум со чанта на главата.
На чантата се нацртани очи и насмевка, а тука е само хаштагот #whoisemio и толку.
Останува да видиме што најавува овој мистериозен трејлер (ако можеме така да го наречеме) или дали Nintendo конечно одлучи да вклучи повеќе хорор игри во своето портфолио.
Поврзани артикли