Европската комисија ја прифати понудата на Apple.
Регулаторните тела на Европската унија одобрија договор според кој американскиот технолошки гигант Apple ќе биде обврзан да им овозможи на конкурентите пристап до својата технологија за мобилно плаќање (tap and go).
На овој начин заврши антимонополската истрага поврзана со системот за плаќање Apple Pay, што Европската унија го иницираше во 2020 година.
„Обврските преземени од Apple се однесуваат на нашата примарна загриженост дека компанијата би можела незаконски да ја ограничува конкуренцијата кога станува збор за мобилните паричници на уредите на iPhone“, рече европскиот комесар за конкуренција Маргет Вестагер.
Apple Pay е мобилниот паричник на Apple кој им овозможува на корисниците на iPhone да плаќаат со своите уреди во продавници и онлајн.
Ајфоните работат исклучиво на оперативниот систем iOS на Apple, така што компанијата го контролира пристапот за развивачите на мобилни паричник, а ЕУ беше загрижена што некои фирми се пожалија дека им е забранет пристапот, се вели на веб-страницата на Европската комисија.
Во јануари оваа година, Apple им понуди на пазарните ривали пристап до технологијата за бесконтактно плаќање и мобилниот паричник.
Со денешната одлука Европската комисија ја прифати понудата на Apple и сега смета дека чекорите предложени од американската компанија се правно обврзувачки.