Хакери упаднале во облак платформата на голем мобилен оператор и украле голема количина на кориснички податоци.
Цел на нападот бил американскиот оператор AT&T, а хакерите, како што беше соопштено, пристапиле до податоците за повиците на „речиси сите“ нивни корисници.
Исто така, AT&T објави дека украдените податоци содржеле телефонски броеви на мобилни и фиксни корисници, како и записи од повици и пораки во периодот од 1 мај до 31 октомври 2022 година.
Додадоа и дека дел од украдените податоци вклучуваат повици од 2 јануари 2023 година, а тоа се однесува на помал број корисници, како и евиденција на повици на корисници на други мобилни оператори кои користат AT&T инфраструктура.
Некои од податоците вклучуваат ID броеви на мобилни локации поврзани со повици и пораки, кои може да се користат за да се одреди приближната локација од каде што е испратен повикот или пораката.
Преземените податоци не ја вклучуваат содржината на повиците или пораките, како и какви било детали кои би можеле да ги идентификуваат корисниците, изјави овој голем оператор.
Поврзани артикли