WhatsApp се користи насекаде низ светот, што секако значи дека го користат луѓе кои зборуваат широк спектар на јазици.
Токму ова е причината за новата функција – WhatsApp размислува за интеграција со апликацијата Google Translate, за да им ја олесни комуникацијата на соговорниците кои не ги зборуваат истите јазици.
Како што пишува WABetaInfo, функцијата Live Translate ќе биде интегрирана во WhatsApp, што ќе им овозможи на корисниците да преведуваат пораки директно во оваа апликација, наместо да отвораат посебна.
Таквата функција не би била нова – веќе има апликации за пораки кои поддржуваат директен превод, а една од нив е, на пример, кинескиот WeChat.
Со оглед на тоа дека оваа функција се уште е во фаза на тестирање, веројатно ќе треба да почекаме уште малку пред да ја види светлината на денот. Во секој случај, ќе биде многу корисно откако ќе пристигне.