Пронаоѓачот и футурист Реј Курцвејл верува дека до крајот на животот ќе се спои со вештачката интелигенција, и дека ќе „стане едно“.
Според него, човештвото е само 20 години оддалечено од „сингуларноста“, моментот кога луѓето ќе се обединат со вештачката интелигенција и ќе се зајакнат со милион пати поголема компјутерска моќ отколку што нуди нашиот мозок денес.
„Ако направите нешто што е илјада, па дури и милион пати помоќно од мозокот, не можеме да предвидиме што ќе направи тоа нешто“, рече тој во интервју за „Њујорк тајмс“.
Тој веќе го тврдеше истото во 2005 година во книгата „The Singularity is Closer“, а сега кога го гледаме напредокот на OpanAI и слични компании, објави и продолжение: „The Singularity is Closer“.
Курцвејл оди „под рака“ со технологијата многу години: кога бил тинејџер, во 1965 година, се појавил на една емисија свирејќи клавирско парче составено од компјутер, а тој компјутер го направил токму Курцвејл.
Подоцна се спријателил со Марвин Мински, еден од основачите на полето на вештачката интелигенција, а во децениите потоа формирал цела серија компании кои развивале технологии или уреди за широка примена.
На прашањето во 2013 година дали си предвидува вечен живот, Курцвејл рече дека „никогаш нема да може да докаже дека е во право, бидејќи не може да се јави од иднината и да објасни“.
Сепак, како што истакна, и тој е свесен за фактот дека може да се докаже дека не е во право. Тој се присетил на разговорот со неговата тетка, која тогаш имала 98 години, кога и ја претставил теоријата дека луѓето еден ден ќе стигнат до точка каде што ќе живеат вечно.
„Можеш ли да побрзаш малку“, го прашала таа. Две недели подоцна, тетката починала.