Американската технолошка компанија Мета претстави нова алатка заснована на вештачка интелигенција (AI), која ги претвора текстуалните барања во тридимензионални модели.
Новиот 3D Gen систем може да генерира тродимензионални модели со висока резолуција три до десет пати побрзо од претходните модели.
На платформата Threads, Мета претстави и примери за работата на новата алатка, вклучувајќи тридимензионални модели на пеперутка, куче, нилски коњ и крофна.
Кога корисникот ќе го внесе саканиот текст (prompt), AI создава тродимензионален модел за помалку од една минута.
Post by @aiatmetaView on Threads
Системот 3D Gen се базира на јазичните модели AssetGen и TextureGen.
Реакциите на корисниците на социјалната мрежа Threads се генерално многу позитивни, но некои експерти се загрижени дека оваа алатка ќе ги замени и ќе им ги преземе работните места.
Поврзани артикли