Во екот на скандалот со познатиот стример Dr Disrespect, студиото 2K потврди дека содржината со овој стример ќе биде отстранета од играта NBA 2K24.
Неодамна се појави информација, објавена од поранешен вработен на платформата Twitch, која наводно тврди дека стримерот Dr. Disrespect е трајно забранет од Twitch поради испраќање несоодветни пораки до малолетници.
Д-р Disrespect, пак, призна дека испратил пораки поради кои неколку компании и служби се дистанцираат од неговиот лик и дело.
2K has confirmed to Dexerto that Dr Disrespect is being removed from NBA 2K24 in the next patch pic.twitter.com/1KeXLOJBXd
— Dexerto (@Dexerto) June 26, 2024
Прво, гејмерското студио Midnight Society на Dr. Disrespect реши да ја прекине соработката со него, а истото го направија и San Francisco 49ers.
Сега, гејмерското студио 2K објави дека името на стримерот ќе биде отстрането од играта NBA 2K24, заедно со анимациите што го користат неговиот лик. Тој ќе биде заменет со генеричка содржина и тоа ќе се случи во текот на следните недели.
Беше посочено дека овие промени ќе бидат имплементирани како дел од ажурирањето на закрпи за сезона 9, а дополнително, 2K нема да има содржина со Dr Disrespect во идните игри.
Поврзани артикли