Инстаграм им понуди на своите корисници уште еден начин за комуникација со помала група пријатели и следбеници.
Опцијата Close Friends за Instagram Live го прави токму она што го сугерира нејзиното име – им дава на корисниците можност да ја ограничат публиката на нивните лајвови само на листа на блиски пријатели.
На овој пренос ќе може да се придружат најмногу три лица.
Новата опција би можела да им помогне на корисниците за различни цели, планирање заеднички патувања, соработка на домашните задачи или, едноставно, за дружење. Исто така, инфлуенсерите можат да го користат за пренос во живо наменет за приватна публика.
Почнувајќи од ноември, корисниците можат да ја ограничат публиката за објавите и за Reels-овите само на блиски пријатели.
Поврзани артикли