TikTok неодамна лансираше нова апликација за споделување фотографии слична на Instagram наречена Whee.
Ова првпат го забележа Android Police и основачот на APKMirror, Артем Русаковски и TikTok го позиционира Whee како „апликација за споделување фотографии само со вашите најблиски пријатели“.
„Снимајте и споделувајте слики од реалниот живот што можат да ги видат само вашите пријатели. Ова ви овозможува да бидете автентични и е најдоброто место за споделување на важните моменти во животот“, стои во описот на апликацијата.
TikTok has silently launched Whee, an Instagram-like mobile app. It’s currently not available in the US, but it is live in over a dozen countries with plans for a worldwide rollout soon.
Instagram is the cash cow for Meta. Not sure Zuckerberg is ready for this app. Meta is… pic.twitter.com/gGHEe0XtBx
— Kakashii (@kakashiii111) June 18, 2024
Скриншотовите на апликацијата содржат работи како дел за пребарување фотографии, список на пријатели на кои треба да им се испрати и feed.
Се чини дека TikTok сè уште ја тестира новата апликација – моментално е достапна на Android во „неколку десетици земји“. Патем, ова не е првата апликација на TikTok која се чини дека е инспирирана од Instagram, бидејќи ги лансираше TikTok Notes во април.