Пазарот на таблет уреди се чини дека е заситен, но изгледите за користење на овие уреди во индустријата се уште имаат шанси. Тоа е еден од заклучоците кои може да ги направиме откако Bloomberg објави информација дека Adobe создава целосна верзија на својот најпопуларен производ, Photoshop, само за iPad.

Развојот претставува сериозен пресврт во стратегијата на компанијата, која во моментов нуди олеснети верзии на графичката програма за мобилните уреди како Photoshop Express и Photoshop Max. Според информациите, варијантата Photoshop за iPad ќе биде претставена во рамките на конференцијата Adobe MAX во октомври, а неговото официјално пуштање во продажба ќе се случи во 2019 година.

Photoshop не е првата апликација од Adobe која е замислена да работи и на мобилните системи. Од Adobe веќе најавија нова верзија од Premiere Pro која ќе може да работи на сите платформи, а ќе ги има повеќето функции од главната апликација.

Извор: Bloomberg