Новата функција, за Chrome за Android, дури има контроли слични на оние што ги нудат апликациите за подкаст.
Google на корисниците на веб-прелистувачот Chrome на Android им нуди нова опција, наречена „Listen to this page“, која може гласно да чита содржина од веб-страниците.
Функцијата доаѓа и со контроли за репродукција, слични на оние што се гледаат на музичките плеери или подкаст плеери, кои можат да ја променат брзината на читање, брзо напред, прескокнување или премотување на содржината.
Исто така, можно е да го промените гласот што го нуди услугата, како и јазикот. Поддржани се англиски, француски, германски, шпански, арапски и хинди.
За да дознаете дали ви е достапна функцијата „Listen to this page“, одете на страница со голема количина текст, кликнете на трите точки во менито и потоа на споменатата функција која треба да се појави под опцијата Translate. .
Можете исто така да побарате од Google Assistant да ви чита на глас веб-страница, како и да ја преведе на друг јазик. Но, таа опција ве префрла од Chrome на апликацијата Google.
Google исто така ја тестираше оваа функција за Chrome на desktop, која моментално е достапна во бета верзија.