Според аналитичарите, iPad Pro бил само почеток.
Наскоро би можеле да дознаеме каква идеја има Apple кога станува збор за дизајнот на производите на компанијата, а тука првенствено се мисли на нивната дебелина.
Аналитичарот на екосистемот на Apple, Марк Гурман, тврди дека мисијата на Apple да го направи најтенкиот можен производ никогаш нема да заврши со уредот iPad Pro.
Компанијата планира и потенок MacBook Pro, Apple Watch, а како што дознавме минатиот месец – во подготовка е и потенок iPhone.
Гурман вели дека Apple е на работ да создаде „нова класа на уреди на Apple, кои треба да бидат најтенките и најлесните производи во нивните категории во целата ИТ индустрија“.
Според аналитичарите, потенкиот iPhone би требало да пристигне во 2025 година, во рамките на серијата iPhone 17. Засега нема информации кога можеме да очекуваме тенки модели од другите категории.