Апликацијата Netflix добива голема промена.
Станува збор конкретно за апликација за ТВ уреди, на која многумина од нас се навикнати, но мора да признаеме дека е малку хаотична.
Компанијата Нетфликс објави дека се впуштаат во големи промени, велејќи дека тие ќе бидат „најголемите во последната деценија“. Еден од директорите, Пет Флеминг, рече дека корисниците прават „гимнастика за очи“ и дека тоа ќе мора да се промени.
„Сакавме да поедноставиме сè“, објасни Флеминг, посочувајќи дека во иднина за претплатниците на Нетфликс, кои се околу 270 милиони, работата за наоѓање атрактивна содржина треба да биде побрза и полесна.
Компанијата започна со тестирање на новиот изглед неодамна, а со текот на времето новиот дизајн треба да биде достапен за се повеќе луѓе. Ќе се следат и реакциите, критиките и пофалбите за новиот дизајн за да се можни дополнителни промени.
Новиот дизајн прв го објави Ројтерс, но мораме да кажеме дека ништо не е толку драматично.
На пример, нема странично мени на почетната страница, а главните опции се преместени на самиот врв на екранот – тука се Home, Shows, Movies и новата картичка My Netflix со содржината што сте почнале да ја гледате и сте ја означиле како „интересно“.
Зголемени се табовите со самата содржина, а реорганизирани се и информациите прикажани со содржината. Нагласени се и некои ситници и интересни работи за филмовите и сериите, па може да се нагласи дали филмот се наоѓа два месеци меѓу првите 10 најгледани.