Шефот на „Тесла“, Илон Маск, на акционерите им покажа видео од роботот Optimus кој работи во една од фабриките и ги информираше за развојот на оваа машина.
„Постигнавме голем напредок со Optimus за краток временски период и дојдовме до робот кој всушност прави некои корисни работи во фабриките денес“, рече Маск. Тој додаде дека два роботи, работат во фабрика во Фремонт, Калифорнија, и дека „неколку се и во Пало Алто“.
До крајот на годината, додаде тој, Optimus ќе добие „една голема хардверска ревизија“, проследена со ограничено сериско производство за употреба од роботи во фабриките, каде што дополнително ќе се тестира.
Маск, исто така, предвиде дека следната година Tesla ќе има „повеќе од илјада, можеби неколку илјади“ роботи Optimus кои ќе работат за производителот на електрични возила, велејќи дека имаат доволно ресурси за успешно да го изведат тоа.
Тој истакна дека еден ден робот еден ден ќе биде доволно автономен за да дозволи човечки колега да му дава инструкции. Дури, изјави тој, Optimus ќе научи да извршува некои задачи само со гледање видео од него.
Дополнително, Маск им кажа на акционерите на состанокот дека соодносот на „хуманоидни роботи и луѓе ќе биде поголем од 1:1“ и дека „Тесла“, опредничи во тоа, поттикнувајќи ги стравувањата од „машински бунт“.
Поврзани артикли