Јутјуберот Маркез Браунли ја посети лабораторијата на компанијата Apple, а во таа прилика виде како се тестира издржливоста на телефонот.

Тој објави видеа на социјалните мрежи на кои се прикажани ригорозните тестови на кои мора да помине секој iPhone.

Прво, треба да се заработи IP сертификатот, односно да се оцени отпорноста на вода и прашина, што вклучува неколку симулации на прскање и на крајот потопување во резервоар полн со вода.

Понатаму, тестирањето на физичката издржливост, односно отпорноста на падови и удари, се врши со специјална машина која го фрла iPhone-от од различни висини и од различни агли.

Уште неколку тестови се видливи на видеата споделени од овој популарен технолошки јутјубер, а неговите следбеници се чини дека биле позитивно изненадени од тестовите на кои биле подложени уредите.