Илјадници корисници пријавија проблем со услугите на Google.
На веб-страницата DownDetector, околу 14:30 часот, илјадници луѓе пријавиле дека имаат проблеми со пребарувањата на Google и читањето вести преку оваа платформа.
Услугите на Google не функционираа за корисниците ширум светот – во Австралија, САД и Европа.
Како што е напишано на DownDetector, 63% од корисниците пријавиле проблеми со страницата Google News, 33% со опцијата Search и мал процент со апликацијата Google Maps.
Google не објави ништо за ова, па се чини дека се работи само за привремен „баг“.