„На вештачката интелигенција ќе и требаат најмалку 10 години за да ја надмине човечката интелигенција“.
Ова го изјави извршниот директор на кинеската технолошка компанија Baidu Робин Ли на конференцијата Vivateh во Париз.
„За вештачка општа интелигенција (AGI) која би била попаметна од човекот, ќе бидат потребни уште многу години. Многу луѓе велат дека тоа е можно за две или пет години, верувам дека е можно само за повеќе од 10 години“, рече Ли.
Според него, најмоќните модели на вештачка интелигенција на денешницата се уште се далеку од нивото на човечка интелигенција.
Како што објави CNBC, извршниот директор на Baidu е значително помалку оптимист за развојот на вештачката интелигенција од другите светски лидери во оваа област.
Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, претходно оваа година изјави дека AGI попаметна од човекот ќе биде достапна до 2026 година, додека шефот на Open AI рече дека очекува силен развој на AGI во блиска иднина.
Поврзани артикли