Издавачот Take-Two Interactive конечно откри нови информации за излегувањето на долгоочекуваниот GTA VI.
Како што рекоа од оваа издавачка куќа, продолжението на серијата GTA треба да го види светлото на денот есента 2025 година.
Досега се шпекулираше дека играта ќе излезе во 2025 година, но ни приближно не се знаеше во кој период од следната година тоа би можело да се случи.
Додуша, ова сепак значи дека не знаеме конкретен датум, но барем имаме уште некоја информација. Од друга страна, студиото Rockstar Games има историја на одложување на видео игрите.
„Сигурни сме дека Rockstar ќе им понуди на играчите забавно искуство што не може да се спореди со ништо друго. Тие продолжуваат да ги зголемуваат нашите очекувања кога станува збор за комерцијален успех“, велат од Take-Two Interactive.
Оваа видео игра, да потсетиме, беше најавена за PS5 и Xbox X/S, а знаеме дека ќе се наоѓа во градот Vice City, и дека ќе има два главни лика: Џејсон и Лусија.