Компанијата исто така ја тестира можноста за објавување содржини од Facebook на Threads.

Meta тестира нов начин за подобрување на ангажманот на корисниците на Threads, користејќи Instagram.

Компанијата сега ја тестира можноста за вкрстено објавување фотографии од Instagram на Threads. Мета го потврди експериментот откако корисниците на Threads ја забележаа оваа опција.

Според компанијата, можноста за објавување од Instagram на Threads е опционална, а корисниците можат да изберат автоматски да ги споделуваат сите нови фотографии на нивните сметки на Threads.

Meta тестира голем број функции за да го поттикне растот на платформата Threads, која моментално има околу 150 милиони корисници.

Компанијата, исто така, експериментира со објавување од Facebook на Threads и промовирање на објави на Threads директно на feed-овите на Facebook и Instagram.