LinkedIn е позната како „сериозна“ социјална мрежа, а нејзината главна цел е да ги поврзе луѓето врз основа на нивните кариери. Сепак, сега се обидуваат малку да го променат имиџот.
Комуникацијата на LinkedIn, како и на многу други социјални мрежи, многу се промени во последно време, а сега е понеформална. Според тоа, оваа платформа воведе видео игри кои треба да ги забавуваат корисниците.
Можете да пристапите до игрите или од понудената категорија „Games“ или со внесување „Games“ во пребарувањето. Засега станува збор за три видео игри: Pinpoint, Crossclimb и Queens, а еве од што се состојат.
Првата, Pinpoint, е видео игра која воопшто не е комплицирана – ви се дадени пет термини и мора да погодите што е заедничко во што е можно помалку обиди.
Следната игра, Crossclimb, се состои од два дела: прво, со помош на асоцијации, треба да погодите збор што има четири букви, а потоа да ги распоредите така што секој одговор да се разликува од оние долу и горе за една буква.
Третата игра, Queens, е малку како Судоку, но наместо бројки составувате круни и е најкомплицирана од трите.