Grok-1.5V ја претставува првата генерација на мултимодален AI модел на компанијата.
Компанијата xAI, која е основана од Илон Маск и е ривал на OpenAI, ја претстави првата верзија на својот модел Grok AI што може да обработува визуелни информации.
Grok-1.5V ја претставува првата генерација на мултимодален AI модел на компанијата, кој не само што обработува текст, туку и документи, дијаграми, графикони, слики од екранот и фотографии.
— xAI (@xai) April 13, 2024
Во својот пост, xAI даде неколку примери за тоа како Grok сега работи во реалниот живот. На пример, можете да му покажете на Grok фотографија од графикон и да побарате од него код за Python или да побарате од него да напише приказна врз основа на цртежот или да објасни meme што не го разбирате.
Способностите Grok-1.5V ќе бидат достапни за раните тестери и постоечките корисници наскоро, но компанијата xAI не објави конкретна временска рамка за испорака на новиот модел со вештачка интелигенција до корисниците.
Поврзани артикли