За време на телефонскиот разговор, американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот лидер Си Џинпинг разговараа, меѓу другото, и за TikTok.
Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби потврди дека TikTok навистина е една од темите на разговорот и дека Бајден „му ја повторил на Си својата загриженост за кинеската сопственост на популарната апликација за споделување видео“.
„Ова не беше за забрана на апликацијата, туку за заштита на националните безбедносни интереси и безбедноста на податоците на американскиот народ“, објасни Кирби.
Минатиот месец, Претставничкиот дом на САД одобри нацрт-закон со кој ќе се забрани функционирањето на платформата за споделување видео доколку ByteDance, нејзината кинеска матична компанија, не го продаде својот удел.
Претседателот Бајден посочи дека ќе го ратификува нацртот, иако се уште се неизвесни шансите тој да помине во Сенатот.
Целта е ByteDance да го продаде својот удел, бидејќи во спротивно се соочува со забрана во САД. Ако законот биде усвоен, ByteDance ќе има 165 дена да ја предаде сопственоста.
Поврзани артикли