Клиничките испитувања на првиот мозочен имплант од компанијата на Илон Маск се уште не се завршени, а тој веќе ветува втор.
Маск, всушност, рече дека следниот имплант на Neuralink ќе се вика „Blindisght“, и дека ќе служи за лекување на слепило кај луѓето.
„Blindsight е следен производ по овој наречен Telepathy“, напиша Маск на Твитер.
„Треба да напоменам дека имплантот Blindsight веќе покажува резултати кај мајмуните. Резолуцијата на почетокот е ниска, како старите уреди на Nintendo, но на крајот може да го надмине и човечкиот вид“, додаде Маск.
Да потсетиме дека минатата недела видовме демонстрација на првиот чип на Neuralink вграден во човечки мозок, кога еден инвалиден човек успеа со своите мисли да ја контролира стрелката на глувчето на својот лаптоп.
Поврзани артикли