Високиот суд на Шпанија ја суспендираше својата претходна одлука за блокирање на социјалната мрежа Телеграм.
Како што рекоа, ќе го чекаат полицискиот извештај за влијанието на евентуалната забрана за користење на оваа платформа во Шпанија.
Неколку медиумски компании во Шпанија, како што се Atresmedia, Mediaset, EGEDA и Telefonica, поднесоа тужба против Telegram, тврдејќи дека апликацијата им овозможува на клиентите да ги користат нивните медиумски содржини без дозвола, пренесува Reuters.
Судијата Сантијаго Педрас претходно се согласи да го блокира Telegram додека трае истрагата, но сега ја промени својата одлука.
Според истражувањето на шпанскиот регулатор, Telegram е четвртата најпопуларна апликација за пораки во Шпанија, која ја користат речиси 19 отсто од анкетираните граѓани.
Основачот и сопственик на таа платформа, Павел Дуров, претходно во интервју за Financial Times (FT) изјави дека Телеграм има 900 милиони месечни активни корисници и се приближува до профитабилноста.
Тој додаде дека Telegram, кој имаше 500 милиони корисници на почетокот на 2021 година, заработи „стотици милиони долари“ откако пред две години воведе реклами и премиум претплати.
Поврзани артикли