Новата функција ќе им овозможи на повеќе корисници да ги користат истите Reels-ови во различни контексти.
Instagram тестира нова функција „Spins“ која им овозможува на корисниците да го менуваат текстот или звукот во туѓите Reels, односно кратки видеа, пренесува Tech Crunch.
Ако некој создал шаблон кој е во тренд, корисниците можат да го заменат текстот или звукот за да го променат значењето на Reels-от и да го прилагодат на различно сценарио.
#Instagram keeps working on “Spins” for #Reels 👀
ℹ️ Allow people to swap out text or audio in your Reel. For every spin added, you will reach their audience. pic.twitter.com/W3DIgWAeuT
— Alessandro Paluzzi (@alex193a) March 12, 2024
На пример, корисникот може да сними видео од зевањето на своето куче и потоа да го сподели со текстот „јас во понеделник наутро“.
Ако е вклучена функцијата Spins, друг корисник може да го сподели тоа видео и да го замени оригиналниот текст со, на пример, „Се обидувам да останам буден на часовите“.
Reels на Instagram во суштина се клон на TikTok и ги имаат истите карактеристики, но TikTok нема функција слична на Spins.
Доколку Instagram одлучи да им понуди Spins на корисниците, ќе воведе барем мала разлика помеѓу двата производи, заклучува Tech Crunch.
Поврзани артикли