Откако беше објавено дека САД ќе го забранат „Тик-ток“, на социјалната мрежа имаше бројни реакции од младите луѓе. Многумина велат дека се плашат дека приходите значително ќе им се намалат доколку социјалната мрежа навистина биде забранета.
„Можеби ќе треба да се збогуваме со „Тик-ток“ утре. Навистина? се прашува една девојка, додека друга се жали дека предложениот закон е „неправеден“.
„Верувам дека овој предлог-закон не треба да се усвои. Многу луѓе ги напуштија своите работни места за да станат креатори на содржини со полно работно време. Навистина се надевам дека тоа нема да се случи“, истакна таа.
„Кога ќе бидам стар и мизерен, ќе им кажувам на моите внуци зошто го мразам светот. Ова ќе биде причината зошто ја мразам федералната влада. Сепак, сè уште ништо не е готово бидејќи процесот на усвојување на законот ќе трае засекогаш“, додаде уште еден корисник на социјалните мрежи.
Тиктокер се потсмева на можната забрана на „Tик-ток“ во САД, објавувајќи видео со наслов „Ова може да биде мојата последна објава“ и додавајќи емотикони со скршено срце. Тој ги покани другите да се развијат на друга платформа и да ја збогатат својата содржина.
„Повикајте ги вашите локални претставници и кажете им колку сопственици на мали бизниси, креатори, уметници и заедници ќе бидат погодени“, додаде еден корисник на социјалните мрежи.
Тамошните медиуми потсетуваат дека САД се пред забрана на најпопуларните социјални мрежи меѓу младите. Пратениците на Претставничкиот дом усвоија нацрт-закон со кој може да се забрани „Tик-ток“. Сенатот треба да го потврди законот за тој да стапи во сила, така што судбината на „Tик-ток“ во Америка се уште не е јасна.
Поврзани артикли