Во понеделник ноќта, над американската сојузна држава Оклахома е забележана малку необична глетка. На 4 март, Стив Арагона бил надвор со своите деца и соседи кога забележал мистериозен објект на небото.
Тој го објави видеото на интернет. „Што е тоа“, се слуша како некој прашува. „Тоа е ѕвезда што паѓа“, рече едно дете. „Не, премногу бавно се движи. Види, се одвојува“, одговори друго лице. „Њуз 4“ го контактираше Кен Карсон од Универзитетот во Оклахома и праша за што може да се работи.
„Изгледа како раздвојување на фази на ракета со погонувач. Потоа има еден вид експлозија на погонското гориво поради одвојувањето на првата фаза“, рече Карсон. На тој ден „Спејс Икс“ лансираше ракета од Флорида. Но, овде веројатно не се работи за тоа, бидејќи лансирањето се случи во 17:56 часот, односно час и половина пред Арагона да го сними видеото.
Any guesses? UFO/UAP?
Happened Monday night, recorded in Oklahoma.
— Chill Savage (@SavageSpaceman_) March 8, 2024
Локалниот астроном Вејн Харис-Вирик изјави за „Њуз 4“ дека веројатно не е лансирање на „Спејс Икс“.
„Ги погледнав сите лансирања на „Спејс Икс“ и другите јавно објавени лансирања. Мислам дека тие лансираа некој вид таен воен лет или нешто од вселенската база Ванденберг“, рече Харис-Вирик.
Воздухопловната база Ванденберг се наоѓа во Калифорнија. Портпаролот изјави за „Њуз 4“ дека времето на нивното лансирање не се совпаѓа и ги упати новинарите во друга база на Вселенските сили во Флорида. Рекоа и дека тоа не е нивна ракета.
Сè уште има неколку опции, имајќи предвид дека снимката навистина наликува на ракетна фаза одвојување – што секогаш изгледа впечатливо и често се меша со НЛО. Тоа може да биде ракета лансирана од воздухопловната база Нелис во близина на Лас Вегас или од „Спејс Икс“ во Кејп Канаверал. „Што и да е, мило ми е што луѓето таму гледаат во небото“, рече Карсон.
Поврзани артикли