Џеф Безос вчера ја понесе титулата за најбогат човек на светот престигнувајќи го Илон Маск, според индексот на милијардери на „Блумберг“.

Нето-богатството на основачот на „Амазон“ беше 200 милијарди долари, а на Маск се проценува на речиси 198 милијарди долари. Во текот на минатата година Маск загубил околу 31 милијарда долари, а Безос 23 милијарди долари, пренесува „Индекс.хр“.

Акциите на „Тесла“ вчера паднаа повеќе од седум отсто. Маск ја врати титулата најбогат човек на светот во мај 2023 година тргајќи го од првото место извршниот директор на LVMH (LVMHF), Бернард Арно, кој е на чело на еден од најголемите светски конгломерати, кој вклучува брендови како Луј Витон, Диор и Селин“.

Тројцата т.н центимилјардери, Маск, Арно и Безос, се натпреваруваат за првото место со месеци. Арно ја држеше титулата додека неговото богатство растеше поради порастот на продажбата на луксузни стоки, што помогна да се зголеми цената на акцијата на LVMH.

Титулата најбогат човек на светот се менува на неколку месеци во зависност од резултатите на пазарот. Маск и Арно сè уште поседуваат големо богатство. Почнувајќи од 2020 година, нето-вредноста на петте најбогати луѓе во светот вртоглаво порасна 114 отсто, на вкупно 869 милијарди долари, по сметката за инфлацијата.