Кога ќе се качите во авионот, екипажот ве замолува или да ги исклучите вашите уреди или да ги префрлите на режим на авион (Airplane Mode). Дали некогаш сте се запрашале зошто?
Ова е неопходно, според експертите, не само за да се заштитите себеси, туку и за да ги заштитите сите други авиони што може да се најдат на патеката на авионот во кој се наоѓате.
Мобилните телефони, имено, се поврзуваат на мрежата со испраќање радио сигнали во форма на електромагнетни бранови. Тоа се всушност бранови кои покриваат одреден дел од електромагнетниот спектар.
Проблем може да настане доколку овие бранови се помешаат со некои други сигнали во воздухот, а потоа може да има негативни последици за леталата кои се во близина.
Станува збор за тоа дека кога се далеку од кулите, како што е случајот кога летате со авион, телефоните треба да работат „уште понапорно“ за да се поврзат и сигналот да им биде најсилен.
Бидејќи авионите одеднаш можат да се приближат до сигналната кула, бидејќи одат брзо, може да дојде до ненадејна „радио експлозија“, а доколку телефонот на сите го направи тоа, луѓето што ги контролираат авионите, како и самите авиони, не би имале идеја на кој сигнал да се фокусираат.
Кога летате без вклучен режим на авион, накратко, испраќате големи радио бранови кои се мешаат со околните сигнали, што никому не му носи ништо и е потенцијално голема безбедносна закана.