Ако ви здодеа да гледате Netflix на традиционален начин, обидете се со овие совети и функции кои се или скриени или обично се занемаруваат.
1. Гледајте филмови и серии без интернет
Многумина од нас гледаат Netflix при користење градски превоз, во чекална или на слично место, а за сето тоа е потребно користење на мобилни податоци. Сепак, не мора да биде така.
Наместо да го користите вашиот интернет, можете едноставно, кога сте поврзани на вашиот Wi-Fi дома, да преземате филмови или серии и потоа да ги гледате офлајн од апликацијата. Се што треба да направите е да ја отворите апликацијата, да ја изберете опцијата „Download“ и готово, објави весникот „Сан“.
2. Видео игри
Друга функција која не е толку „скриена“, но може да кажеме дека луѓето ја занемаруваат, се видео игрите што можете да ги играте во рамките на апликацијата Netflix.
Сè што треба да направите е да ја отворите апликацијата, да напишете „Games“ во полето за пребарување и да изберете што ви се допаѓа.
3. Опција за неопределени
Оваа функција е исклучително корисна за сите оние кои поминуваат часови избирајќи што да гледаат. Станува збор за опција наречена „Play Something“, која можете да ја изберете и потоа Netflix ќе одлучи за вас што да ви пушти.
Можеби не ви се допаѓа филмот/серијата избрана од апликацијата, но кој знае, можеби ќе наидете на „дијамант“ за кој инаку никогаш не би слушнале.
4. Тајни кодови за категории
Ова веќе припаѓа на сегментот на скриени опции – тоа се тајни шифри што ги внесувате во пребарувањето и со кои можете да ја наведете точно категоријата, или жанрот што ја гледате. Жанровите се многу тесно поделени, па има кодови за емисии за готвење, француски серии итн.
Текстот може да го прочитате на блогот на Netflix каде шифрите се детално набројани, па на пример жанрот акција/авантура е под шифра 1365, политички драми под шифра 6616 итн.