Компанијата Покемон конечно даде официјална изјава во врска со актуелната хит игра Palworld.
Palworld е нова игра, која моментално доживува огромен успех од нејзиното објавување, со повеќе од осум милиони продадени копии само шест дена по нејзиното лансирање.
Фановите на шега ја нарекоа играта „Покемон со пиштоли“, а сега официјално се огласи и самата компанија „Покемон“, која потврди дека ја истражува оваа огромна појава и дека ќе преземе соодветни активности.
🔥Available Now🔥#Palworldhttps://t.co/iovQXSkI3D
🧭Open world survival crafting game for up to 32 players
🔫Adventure with over 100 types of pals
💪Capture, train, battle or put your Pals to workWe have spent 3 years making our dream game and we hope everyone enjoys! pic.twitter.com/dbhHeFzVqL
— Palworld (@Palworld_EN) January 19, 2024
„Добивме голем број прашања во врска со играта на друга компанија објавена во јануари 2024 година“, рече компанијата во врска со жешката тема на интернет за инспирацијата што ја црпи Palworld за своите дизајни.
„Не дадовме никаква дозвола за користење интелектуална сопственост или средства од Покемон во таа игра“, додаде компанијата Покемон. „Имаме намера да истражиме и да преземеме соодветни мерки за да укажеме на какви било дејствија што ги нарушуваат правата на интелектуална сопственост поврзани со Покемоните.
Не е јасно колку долго ќе трае оваа истрага и какви мерки планира да преземе компанијата Pokemon против Pocket Pair, развивачот на Palworld.
Во меѓувреме, Palworld продолжува да прави огромни рекорди во различни области. Бројот на симултани играчи на Steam веќе надмина два милиони, а играта е на врвот на популарноста на услугите Xbox One, Xbox Series X|S и Game Pass.
Поврзани артикли